Marmor Decor декоративна паста на водена база за ентериери

Намена
Marmor Decor е декоративен акрилен кит на водена база кој се користи за постигнување на “мермерен ефект” на внатрешни ѕидови и плафонски површини. Погоден е за ентериери на стамбени објекти, банки, театри, хотели итн..
Специјални карактеристики
Мазноста на обработената површина, нејзината делумна продзирност и доста карактеристична структура на наносот на обработената површина и даваат живописен и имагинативен изглед или верна слика на мермерна, гранитна, камена текстура, дрво, кожа или платно. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Од претходно боените површини отстранете ги сите премази и трошни делови. Најчеста техника на вградување е “spatolato”. Првиот слој се нанесува со нерѓосувачка челична глетарица со кружни движења, како би постигнале рамномерна и малку или повеќе релјефна структура. Масата може да се нанесе и со пењаст или кратковлакнест ваљак (по потреба разредете со вода), а посакуваната релјефна структура се постигнува со дополнително обработување на свежиот нанос со нерѓосувачка челична, пластична или дрвена шпакла, сунѓер или некој друг алат. Вишокот на нанос треба да се отстрани, а по потреба избрусете со што пофина брусна хартија. На основниот слој во иста или слична техника нанесете барем уште два слоја (можна е комбинација на различни боји). Завршниот слој не треба да се бруси, туку сув да се исполира со нерѓосувачка глетарица (на тој начин стануваат видливи движењата на алатот). Со интензитетот на завршното полирање можно е да се добие мат, полу-сјаен или сјаен завршен слој.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Побарајте посебни упатства во специјалниот каталог за овој материјал
Препорачан алат: Разни декоративни ваљци,  прохромска глетарка со заоблени рабови, прохромска шпакла.