Panel LACK 15

Намена
PanelLACK 15 е еколошки безбоен мат лак на водена база наменет за внатрешна употреба на дрвени панели на ѕидови или платформи. Погоден е за ново и за претходно фарбано дрво. PanelLACK 15 е погоден за мебел и останати дрвени панели со средно високи барања за отпорност на површините, но и за камен, цигла и сл.
Специјални карактеристики
PanelLACK 15 остава јака и добропотполнета површина. Отпорен е на вообичаени куќни хемикалии и масти. Дава природен изглед на дрвото и создава полу-мат површина. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата која што се лакира мора да биде чиста, сува и без прашина. Подлогата измијте ја, исплакнете ја и оставете ја добро да се исуши. Незаштитеното (необработено) дрво мора да се грундира со тенок слој на PanelLACK 15 (разреден со малку вода). Потоа, третираната подлога нежно избрусете ја за да се отстранат дрвените влакна, а потоа избришете ја површината со крпа. Нанесете 1 до 2 слоја неразблажен PanelLACK 15. Доколку се користи нијансиран PanelLACK 15, нанесете го најпрвин нијансираниот лак, а преку него како завршен слој нанесете безбоен PanelLACK 15. Задолжително добро промешајте ја содржината на кантата пред употреба.
Да се заштити од смрзнување.
Датум на производство и рок на употреба се означени на пакувањето.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Panel LACK 15  е идеален за дрвени панели и намештај
Препорачан алат: Микрофибер ваљак со должина на влакна од 9-11mm. или рамна четка од природни влакна